Утринско тегнење
Секако дека мажите се возбудуваат при помислата на жена во кратко здолниште и високи штикли. Но она на што повеќе обрнуваат внимание е утринското тегнење веднаш при станување од креветот.
Бушава коса
Можете да ги потрошите парите во најдобрите фризерски салони доколку така сакате, но доколку го правите тоа за да привлечете внимание-тогаш престанете. Всушност, оние жени што се со бушава коса се најпривлечни за мажите.
Без шминка
Мажите повеќе ги сакаат жените без шминка, не само поради тоа што преферираат природен изглед, туку и поради тоа што не сакаат да чувствуваат козметика во нивната уста додека се бакнуваат.
Брчки
Брчките претставуваат поголем проблем за жените отколку за мажите. Всушност, повеќето мажи уживаат кога гледаат линии на лицето на жената. Сепак, тие претставуваат доказ за искуство, зрелост и мудрост.
Широка сукња
Долгата сукња која што се разлетува при ветар дефинитивно изгледа посекси отколку кратката прилепена сукња. Иако тој ви ги има видено вашите убави нозе веќе многу пати, ова парче облека ќе ги пробуди неговите фантазии повторно и повторно.