Категории

Неверојатни работи кои можат да ви го продолжат животот

Луѓето веќе илјадници години ги привлекува потрагата по фонтаната на младоста – изворот чија вода запира стареење. Иако се работи само за приказни и митови, научниците сé уште се обидуваат да пронајдат лекови кои би го спречиле стареењето. Предметите на оваа листа нема да ве вратат во тинејџерските денови, но имаат добар ефект врз здравјето, а според истражувања, во многу случаи, можат да го продолжат животот за неколку години.

Богатство

Ако имате повеќе пари можете да си дозволите подобра здравствена заштита, подобра храна или личен тренер, но истражувањата покажаа нешто интересно. Богатите луѓе имаат повеќе од клучниот хормон кој го продолжува животот.
Дехидроепиандростерон сулфат е стероид произведен од надбубрежните жлезди и мозокот, и е поврзан со широк спектар на здравствени придобивки кои вклучуваат: подобра меморија, помал ризик од кардиоваскуларни болести и сл. Научниците откриле дека побогатите луѓе имаат повисоко ниво на овој стероид.

Секс

Сексот го продолжува животот. Според една студија мажите кои имаат чест оргазам живеат речиси двојно повеќе отколку другите мажите.

Чистење на заби

Одржувањето на хигиената на забите го намалува ризикот од срцеви заболувања. Оваа рутина, исто така, спречува инфекции кои можат да предизвикаат воспалениа.

Гнев

Не е тајна дека задржувањето на гневот води кон стрес. Ослободувањето на гневот води до помал притисок врз срцето.

Пеење

Според истражувања луѓето кои пеат во хор се помалку депресивни. Пеењето го намалува стресот, бидејќи за време на оваа активност се произведува ендорфин.

Мачка

Научниците од Универзитетот во Минеаполис откриле дека мачките природно го намалуваат стресот и нервозата, а со тоа го намалуваат ризикот од срцев удар до 30%. Предењето на мачката предизвикува вибрации и фреквенции кои помагаат при болка во коските и мускулите.

Прегледи:
446
Објавено на:
31.12.2018