Категории

Неверојатно дрво кое му пркоси на сите правила на животот

Иако го нарекуваат Дрвото на животот, најчестото прашање поврзано за ова дрво е : Како тоа воопшто е сеуште живо? Всушност, тоа изгледа како човек на кој му е раздвоено тлото под нозете при што секоја нога останале на по една страна во „шпага“. Така и ова дрво виси во воздухот со помош на своите корени.

Замислете дека се наоѓате на бескрајна песочна плажа и гледате во хоризонтот, во Тихиот океан. Самите сте и речиси нема луѓе, можеби само некое куче кое шета или некој заљубен пар кој поминува во својата романтична прошетка. Позади вас има само карпи прекриени со шума и еден мистериозен премин кој е премрачен да видите што има во него.

Над преминот, две карпи со своите корени ги спојува старо дрво како да прави шпага и истовремено создава кров над преминот. Точно тоа може да се види на америчкиот северозапад познат по својата атракција поубава и од самиот океан – Дрвото на животот.

Ова дрво кое изгледа како да види во воздухот го нарекуваат уште и Калалоч дрво а се работи за вид смрека.

Неговите фановите го посетуваат секоја година и за чудо на сите тоа секоја година ги дочекува на своето место. Разликата е во тоа што со својата тежина пропаѓа за неколку сентиметри.

 

Прегледи:
357
Објавено на:
31.12.2020