Категории

Неверојатно! Планинар нашол извор кој мириса на пиво, а позадината на приказната ќе ве остави во шок!

Еден планинар случајно наишол на поток кој мирисал на пиво, додека се движел низ островот Оаху, Хаваи. Тестовите покажале дека содржината на алкохол во водата е дури 1,2 %, пишува Вашингтон Пост.

Кога почувствувал остар мирис на алкохол планинарот го контактирал Керол Кокс, локален активист и адвокат кој ја води непрофитната организација „EnviroWatch“, бидејќи помислил дека станува збор за загадување на водата.

Тој изјавил дека мирисот од потокот е навистина ужасен. Кокс со уште неколку колеги забележале дека одредена течност се влива во потокот каде што се наоѓа еден од најголемите дистрибутери за алкохол и пијалаци на островот.

Кокс го пријавил случајот и утврдено е дека изворот на загадувањето е Paradise Beverages.

Изјавил и дека ваквите ситуации се вообичаени на Хаваите, а дека во минатоот гледал потоци контаминирани со боја и цемент.

Прегледи:
452
Објавено на:
22.11.2021