Веќе е добро познато кои ѕвезди се највлијателни со своите Инстаграм објави на оваа мегапопуларна мрежа, но кога ќе прочитате колку заработуваат од своите објави ќе ви се заврти во главата.
Не е никаков шок дека Селена Гомез за своите платени објави добива најголема сума кога таа има 133 милиони следбеници. За една спонзорирана објава Селена заработува околу 550 илјади долари.
Веднаш зад неа се наоѓа Ким Кардашијан (170 милиони следбеници) која своите објави ги наплаќа околу половина милион долари, а на трето место се наоѓа Кристијано Роналдо (120 милиони следбеници) со заработка околу 400 илјади долари за една објава.
Исто толку заработува и најмладиот член на Кардашијан – Џенер кланот, Кајли која има 104 милиони следбеници.