Категории

Неверојатно: Поради оваа причина песокот на Хаваите е бел

Преубавото море и прекрасните песочни плажи се причина зошто сите сонуваат да ги посетат Хавајските Острови. Но, тој преубав песок е всушност резултат од утробата на еден вид на риба.

Песочните бели плажи на ова место се дело на природата, не се вештачки создадени, но за таа бела боја е заслужна една риба. Поточно изметот од таа риба. Станува збор за егзотичната риба папагал со прекрасна сино – жолта боја.

Овие риби се населени на коралните гребени околу Малдивите, Бахамите и Хаваите. Јадат мртви корали што помага при ревитализацијата на коралниот екосистем, бидејќи со грицкањето на коралите тие ги чистат наслагите од алги.

Погледнете како исфрлуваат песок:

Рибата папагал има двојни заби, дебело црево, но нема желудник. При хранењето голтаат алги и ситни парчиња корали и потоа од организмот исфрлаат бел песок во големи количини.

Научниците сметаат дека секоја возрасна риба годишно произведува околу 380 килограми песок. Овој песок се собира на дното на океанот, а потоа брановите го разнесуваат на бреговите на овие острови.

Без разлика на начинот на кој што настанува белиот песок, не грижете се – тој не е опасен за здравјето. Тоа се само ситни парчиња корали. Но, треба да имате на ум дека не е целиот бел песок на плажите создаден на тој начин. На пример, на Флорида поголемиот дел од белиот песок е настанат од кварц и се нарекува кварцен песок. Настанал со распаѓање на карпите.

Прегледи:
432
Објавено на:
25.01.2018