Категории

Неверојатно реткиот розов делфин, стана мајка на розово бебе! (ВИДЕО)

Реткиот розов делфин, роди мало бебе делфин исто така во розова боја. Луѓето ја нарекуваат Пинки. Ова уникатно животно беше забележано во реката Калкаси во Лузијана. Нејзиното новороденче беше со неа.

Овој уникатен розов делфин стана популарен пред 12 години кога за прв пат беше забележана од страна на капетанот Ерик Ру. Според експертите, Пинки е редок речен делфин кој ја добил розовата боја поради ретка генетска мутација. Овој вид на делфини се води на листата на загрозени видови на кои им се заканува исчезнување.

Раѓањето на малиот делфин дава надеж дека ја има наследено генетската мутација од својата мајка и дека ќе ја пренесе понатаму во идните поколенија, зголемувајќи ја популацијата на овој редок вид.

Капетанот Ру објаснува дека делфинот е розов низ целото тело и има црвени очи. Кожата му е мазна и сјајна. Пинки нема проблеми со животната средина и сончевата светлина, но сепак сака повеќе време да поминува под површината за разлика од другите животни.

Таа е прекрасен цицач кој носи радост кај локалното население, а туристите обожаваат да ја гледаат и да и се восхитуваат.