Категории

Неверојатно видео кое прикажува како уживаат срните во паркот со расцветани дрвја во Јапонија

Понекогаш гледаме видео или слики на Интернет кои што се толку убави, што дури и се сомневаме дали навистина постојат. Ова видео е едно од нив.

 

Од прекрасниот Нара Парк се појавија зачудувачки видеа и слики кои прикажуваат стадо срни кои мирно се релаксираат под розовите цветови. 

Паркот Нара е популарна дестинација за туристите, а овој парк е исто така дом на над 1000 елени, кои локалното население ги смета за „гласници на боговите“. Срните се „симбол на градот и дури се означени како природно богатство“, се наведува Јапонскиот водич.

Прегледи:
1189
Објавено на:
18.05.2020