Категории

Невеста во очај – птица и се покакала на нејзиниот фустан за време на свадбата

Една невеста била ужасната кога за време на сликањето на свадбените фотографии, птица прелетала над нив и и се покакала на невестинскиот фустан.

Брачниот пар избрал место на отворено каде ќе се одржувала нивната венчавка, но невестата не можела да предвиди дека токму таму ќе има пеликани кои редовно прелетуваат и едen од нив ќе и го уништи најсреќниот ден од нејзиниот живот.

„Се случи токму во моментот кога сликарот требаше да ги овековечи најубавите моменти од нашиот живот. Мојата прекрасна бела венчаница беше уништена. Во првиот миг бев премногу лута и почнав да плачам, но потоа почнав да се смеам. Старо правило е дека на секоја свадба не може се да оди како подмачкано и тоа си го повторував постојано во главата. Потоа се опуштив и уживав во најубавиот ден од мојот живот и целосно заборавив на инцидентот.“

 

 

Прегледи:
235
Објавено на:
31.08.2019