Категории

Невообичаената скулптура „Чорап“ ја раскажува историјата на англискиот град

Оваа бронзена фигура која претставува човек кој се восхитува на својот чорап со насмевка доби централно место во англискиот град Логбороу.

Оваа скулптура не само што е необична и поинаква од се видено дос ега, туку е и доста важна за граѓаните на овој град затоа што оддава признание на индустријата која овде цвета веќе два века. Од 18 вел иднустријата на волна го сочинува главниот дел во економијата на Логбороу, а производството на чорапи беше и остана клучно за среќа и развој на градот.

При преминот во новиот милениум, локалната власт сакаше да додаде нов карактер во амбиентот на градот. Пет уметници беа избрани да ја претстави својата визија која беше слика и прилика на овој град.

Победата ја однесе статуата „Чорап“ на шкотската уметничка Шоне Кинлок.

Статуата на маж кој седи на столб и на себе има само лист јавор и навлечен чорап всушност е симболичен приказ на текстилната индустрија која најдобро ја отсликува историјата на градот во чија средина се наоѓа.