Британскиот сајт IllicitEncounters.com спровел истражување во кое се истражувала поврзаноста помеѓу неверството и марката на автомобил која ја поседува мажот.
Во истражувањето учествувале 900.000 мажи, а се покажало дека се најневерни оние кои возат германски автомобили. Попрецизно, сопствениците на Мерцедес се број еден во неверствата, па тие се поневерни дури и од возачите на Ауди и БМВ, кои ги заземале второто и третото место.
Во топ пет најневерни мажи се вброиле и возачите на Тојота и Фолксваген. Во истражувањето се дошло и до заклучок кои мажи се најверни.
Најверни се мажите кои возат автомобили од марката Нисан, а на друго место се возачите на Киа. Возачите на Јагуар се исто така помеѓу најверните мажи.