Категории

Никогаш не е доцна: Ѕвездата од Џејмс Бонд, Даниел Крег (50) го чека своето прво дете со сопругата (48)

Ѕвездата од филмовите за „Џејмс Бонд“ и неговата сопруга, својата врска ја започнаа во 2010 година, во Њујорк. Даниел Крег (50) и неговата сопруга Рејчел Вајс наскоро ќе станат родители. Актерката открила дека е бремена иако минатиот месец го прослави својот 48-ми роденден.

„Уште малку е ќе почне да се гледа трудничкиот стомак. Даниел и јас сме многу среќни. Ќе имаме мал човек и не можеме да дочекаме да го видиме“ – изјавила Рејчел за Њујорк Тајмс.

Ѕвездата од филмовите за Џејмс Бонд и Рејчел својата врска ја започнале во 2010 година, а се венчале во 2011 година пред само четворица луѓе. На церемонијата присуствувале ќерката на Даниел, Ела (25), синот на рејчел Хенр (11) и две пријателки кои биле сведоци. Парот се вљубил на снимањето на филмот „Куќа од соништата“, а заедничките пријатели тврдат дека се идеален пар ко ретко кога има недоразбирања.

Актерката пред неколку години откри дека пред бракот патела од депресија. „Бев во долги врски и пред Даниел, но не бев вистински среќна. Имав тешки кризи и длабока депресија, а сега сум на седмо небо“, раскажала Рејчел.

 

 

Прегледи:
636
Објавено на:
23.04.2018