Категории

Никогаш не ја покажал во јавност: Ова е сопругата на Дино Мерлин (ФОТО)

Популарниот пејач Дино Мерлин со својата сопруга зпочнал љубовна врска кога имал 17 години.

Иако со многу љубов и внимание, Мерлин говори за своите најблиски, тој избегнува појавувања во јавноста со членовите на своето семејство, па публиката и да не знае како изгледаат тие.

Токму затоа големо внимание предизвика папарацо фотографијата на која Мерлин е со својата сопруга Амела со која се оженил кога имал 21 година.

-Ако некој имал среќа во животот при изборот на партнер и животен сопатник, тогаш тоа сум јас. Како деца се заљубивме, почнавме да се забавуваме, имав 17 години, а мојата Амела ни 17 години, откри Дино во една прилика додавајќи дека Амела е првата личност со која на која и ги пуштил своите демо снимки, откако ја поддржала неговата идеја да се занимава со музика.

-Ми рече: „Почни, твоите песни се најубави.“ Можете ли да замислите каков ветер во грб е тоа, кога линоста која ја сакате вели дека вашите песни се најубави?, открива Мерлин.

Прегледи:
395
Објавено на:
10.08.2017