Категории

Никогаш не одете на спиење скарани: Среќата во бракот не е нешто што едноставно се случува!

На денот на својата венчавка, славниот холивудски глумец Пол Њуман и напишал писмо на својата вереница Џоан Вудворд во кое и раскажал за тоа како го гледа својот иден брак.

 

Зедно поминале половина век, а нивната врска останува една од најубавите љубовни приказни.
Ви споделуваме фрагмент од писмото, од кое читајќи го, сфативме зошто нивниот брачен живот траел толку долго.

„Среќа во бракот – не е нешто што едноставно се случува. Добриот брак мора да се создава.
Никогаш не е доцна да се држите за раце, да си велите „Те сакам“, барем еднаш дневно. Не одете на спиење скарани. Ни под никакви околности немојте да се земате „здраво за готово“ еден со друг.
Додворувањето не треба да се заврши со медениот месец, треба да трае целиот живот. Заедно да чекорите низ животот. Да формирате круг на љубовта кој ќе го собере сето ваше семејство.
Да правите нешто еден за друг не од должност, туку од радост. Промислено да ги изговарате зборовите на благодарност и да изразувате почит.

Неопходно е да развивате трпение, разбирање и смисла за хумор. Да умеете да простите и да заборавите. Не е само нештото да се венчате со вистинската личност. Нештото е во тоа – да бидете вистинската личност!“

Прегледи:
631
Објавено на:
21.01.2022