Категории

Никогаш не се расправај со идиот, ќе те спушти на негово ниво и ќе те победи на искуство: Иронични цитати од Марк Твен!

Марк Твен иронично говорел и за својата работа, а неговите афоризми и денес се применуваат:

Ако прифатиш прегладнето куче и го нахраниш, нема да те касне. Тоа е разликата помеѓу човекот и кучето.

Човекот не може да биде поискрен од моментот кога ќе признае за себе дека е лажго.

Човекот кој не чита добри книги нема никаква предност пред човекот кој не чита воопшто.

Човечката раса има само едно навистина ефикасно оружје – насмевката.

Ако немаш што да кажеш – тогаш не говори ништо.

Улогата на пријателот е да биде покрај вас кога грешите. Кога сте во право сите ќе бидат покрај вас.

Избегнувајте ги оние кои ги омаловажуваат вашите амбиции. Тоа го прават само малите луѓе додека големите луѓе во вас ќе разбудат чувство дека може да станете и вие големи.

Не дозволувај образованието да те спречи во твојата едукација.

Прекрасно е што ја пронашле Америка, но би било уште подобро да ја промашиле.

Добрината е јазик кој глувите можат да го слушнат и слепите да го видат.

Кога ќе сфатите дека сте на страната на толпата, итно мора да направите нешто со себе.

Нема потажна глетка од млад песимист.

Книгите за здравјето читајте ги многу внимателно. Може да ви се случи да умрете поради печатна грешка.

За успех во животот се потребни две работи: игнорирање и самодоверба.

Единствен начин да бидете здрави е да го јадете она што не го сакате, да пиете она што не ви се пие и да го правите она што не ви се прави.

Никогаш не се расправајте со идиоти. Тие ќе ве спуштат на свое ниво и ќе ве победат со искуство.

Сум видел луѓе кои одвај се промениле за триесет години, но нивните жени станале старици. Сите тие беа чесни жени, а чесноста трпи многу.

Обожаваме луѓе кои во лице ни кажуваат сѐ што мислат, под услов да мислат исто како нас.

Никогаш не оставај нешто за утре кое можеш да го одложиш за задутре.

Ајде да живееме така што утре и погребникот ќе жали дека сме умреле.

Играј како никој да не те гледа. Пеј како никој да не те слуша. Љуби како никогаш да не си бил предаден и живеј како да е на земјата рај.