Категории

Никој не зборува за ова: Дали знаете кои се добрите страни на стресот?

За стресот постојано се зборува во негативен контекст, но тој има и добра страна, за кое многу малку се зборува.

Не секој стрес е лош. Да ги земеме на пример гимнастичарите, бодибилдерите или било кој друг спортист – тие не би биле толку успешни доколу никогаш не го изложуваат своето тело на стрес. Мускулите им стануваат поголеми и посилни затоа што во одреден период се изложени на стрес.

Добар стрес е оној што може да ни помогне да ги постигнеме нашите цели, пишува нутриционистот и биохемичар Д-р Либи за австралиската веб-страницата „Тело и душа“.

– Клучен аспект е тоа што обично станува збор за умерен и повремен стрес, така што телото има време да се навикне. Исто така, секој таков период на стрес е проследен со одмор и закрепнување. Оваа адаптација на стресот е клучен процес во кој во мала доза не е штетен, наместо тоа го стимулира телото – објаснува таа.

Како се чувствувате кога сте изложени на оваа мала доза на стрес зависи од личноста, но повеќето чувствуваат некои добри ефекти – размислуваат подобро, имаат повеќе енергија, се чувствуваат поживо …

Д-р Либи посочува дека проблемот се јавува кога стресот станува константен, затоа што се произведува повеќе адреналин секој ден и тогаш повеќе ги нема овие добри ефекти, туку напротив спротивното. Значи, за стресот да има добар ефект, битно е да е умерен и да има периоди на одмор помеѓу нив, така што телото постепено ќе се навикнува.

Сепак, бидејќи луѓето најчесто се изложени на стрес поради дневните обврски, многумина сметаат дека не е можно да се прилагодат на тоа, во смисла на умереното изложување на стрес да има позитивни ефекти. Д-р Либи вели дека е важно да научите како да размислувате, но и дека има и други начини што можат да го ублажат стресот и да го намалат на умерена количина.

– Медитацијата, вежбите за дишење и јогата може да помогнат многу. Исто така, вреди да се знае дека кофеинот го стимулира производството на адреналин, па ако пиете кафе секојдневно, се произведува повеќе адреналин.Кај некои тоа е незабележително, но додека за други е доволно да се создаде премногу стрес и да предизвика проблематични последици. Сите сме различни, па затоа е важно да обрнете внимание на тоа како се чувствувате, за да можете соодветно да реагирате – заклучува таа.

Прегледи:
488
Објавено на:
18.08.2019