Категории

Ништо не е посилно од мајката која останува сама…

Ништо не е посилно од мајката која останува сама. Мајката која е и татко, мајка, советник, докторка, механичар, мајстор, учителка и банкомат за бакнежи, но и пари.

Ништо не е посилно од жената која останува сама во борбата со ветерниците.

Совети кои доаѓаат од сите страни, најмногу кога не и се потребни. Кога ќе се случи некоја грешка, сите имаат нешто да кажат. Сите тие подобро би воспитувале, до моментот кога им е потребна, а потоа нагло исчезнуваат. Ги нема да може да се потпре на некого и малку да ја одмори душата.

Ништо не е поголемо од мајката која останува сама, сама со своите мали светови против светот. Светот кој коментира, се меша, додава, лаже, превртува без нималку срам и страв од Бог и иднината. Нејзините раменици се уморни, а нејзиното лице е насмеано и среќно и за најмалиот успех и чекор напред на своето дете. Душата и е исполнета со секоја прегратка и бакнеж по секојдневните борби и улогата на татко, мајка, механичар, советник, пријател, банкомат за бакнежи.

Ништо не е посилно од жената која останува сама.

Сама за Божиќ, за Велигден, родендени, годишници, свадби – кога најмногу доаѓа до израз нејзината осаменост со која останала негде на половина од нејзиниот живот. Оттогаш се бори сама со бубачките на своите деца, нивните проблеми, но и сметки, банки, машини за перење, делови за автомобил и одводни цевки. Со годините сѐ научи да прави сама и повеќе никаков проблем не може да ја скрши. Само станува посилна и затоа нема ништо посилно од жените кои останале сами. Нивните лица се уморни, но и понатаму полни со грижа и љубов. Преполни со разбирање. Преполни со некоја смиреност.

А рацете кои се полни со плускавците на животот најубаво се подигнуваат од подот и милуваат. Бидејќи мајката на крајот од секоја борба е онаа жена од која никој не е понежен и погрижлив. Од која никој на светот не може повеќе да те бакнува. Таа е сѐ. Татко и брат и пријател. И возач и доктор и советник. банкомат и слушател. Критичар и мотиватор. Учителка и чистачка. Сметководител и автомеханичар. А највеќе од сѐ, таа е жената од која најмногу учиш во животот. Инспирација и пример.