Откако пандемијата ќе заврши, со сите нејзини последици врз човековото здравје и економија, малку-помалку ќе се навикнеме на новата состојба, која ќе ја сметаме за нормална.
Научникот Грег Брајден претпоставува дека нашиот живот ќе изгледа поинаку и ќе побарува одредени промени – во општеството, работата, економијата и животниот стил на секој од нас.
Со други зборови, начинот на кој светот функционираше досега ќе биде променет.
Откако ќе помине оваа состојба, ќе започнеме да живееме локално. Сето она кое досега сме го набавувале надвор од светот, ќе почнеме да го набавуваме од некое локално подрачје, било да се работи за храна, лекови или извори на енергија.
Но благодарение на тоа, повеќе ќе ја цениме нашата заедница и обичниот човек.
Тоа ќе биде предизвик, но секако предизвик за кој ќе се исплати да се живее. Во одредена смисла ќе се роди некој нов човек.
Ни останува да видиме како искуството со корона вирусот ќе не промени.
Секако, останете мирни и оптимисти, но не заборавајте да се заштитите и да го зајакнете вашиот имунитет.