Категории

Нив сите ги сакаат: Во што е тајната на шармантните луѓе?

Велат дека на шармантните луѓе сите врати им се отворени (или речиси сите…) Некои луѓе се родени со ваква енергија, но и тоа е доблест, односно особина која може лесно да се стекне.

Шармантните луѓе се свои, се сакаат себеси, а истовремено ги почитуваат другите и се секогаш пријателски настроени. Доколку мислите дека ви недостасува малку шарм во вашето однесување, погледнете како можете да го промените тоа.

1. Шармантните личности се отворени за совети и исклучително го ценат туѓото мислење и знаење. Тие се свесни дека никој не знае се и дека е сосема во ред да побараат помош од луѓето на кои им веруваат.

2. Тие во текот на разговорот целото внимание го насочуваат на личноста со која што зборуваат. Знаат одлично да слушаат, не прекинувајќи ја личноста со која зборуваат во ниту еден момент, а сè што кажуваат има смисла и некаква цел.

3. Додека со нив некој разговара, тие ѝ го придаваат целото внимание и ја нарекуваат по име, што значи дека им оставила добар впечаток. Знаат да го читаат говорот на телото и за нив невербалната комуникација е подеднакво важна како и вербалната.

4. Настојуваат да дознаат што повеќе за другите, со цел да создадат поврзаност, што го прави разговорот поопуштен и попозитивен. Не се фокусираат на себеси и кон сите се однесуваат со почит, без разлика дали се работи за родителите, пријателите, колегите или познаниците.

5. Шармантните луѓе цврсто се држат до своите ставови. Расположението и однесувањето никогаш не им се менува во драстична мера, а луѓето околу нив се чувствуваат убаво бидејќи знаат што можат да очекуваат.

6. Секогаш се опуштени и убаво се чувствуваат во својата кожа. Исто така, знаат да се шегуваат на сопствена сметка.

Извор : Бркајработа.мк

Прегледи:
520
Објавено на:
23.11.2017