Категории

Носејќи го овој градник, градите ќе ви пораснат за 7 денови?

Милан Милиќ (33) тврди дека неговиот градник е доволно да го носите три пати дневно по пет минути, и за една недела градите ќе ви се зголемат трајно за еден број.


Тој вели дека неговиот градник ја поттикнува циркулацијата во градите и на тој начин ги зголемува за еден број, а обемот се зголемува за три до четири центиметри. Освен тоа, градите стануваат поцврсти. Милан дошол на оваа идеја слушајќи ја својата девојка која не била задоволна со големината на своите гради, а не сакала да оди под нож. Истражувал дури две години и го пронашол решението.

„Тоа е природен процес кој ја зголемува циркулацијата на крвта која ги храни градите“ – вели Милан и додава дека овој градник поминал низ 14 тестирања на жени од различни краеви во светот.

Градникот кој го нарекол Е-bra (Е-градник), прва го тестирала неговата девојка Јелена Шабиќ (26) и била пресреќна кога и се зголемиле градите. Таа отсекогаш сакала да ги зголеми градите но се плашела од операции и лузни. Освен тоа, не сакала страно тело во себе, а и зафатот бил премногу скап за неа.

„Кога го тестиравме прототипот, мислевме дека резултатите нема да бидат видливи два, три месеци, но по два денови резултатите беа многу добри. Тогаш сфативме дека имаме нешто големо. По седум денови градите и дури за еден број“ – објаснува Милан.

Прегледи:
486
Објавено на:
05.02.2018