Категории

Нов моден едиторијал со Ким Кардашиан Вест: Ништо секси, прикажуваме самодоверба?

Пред неколку недели, триесет и седум годишната ријалити ѕвезда се фотографираше за насловната страна на познат њујоршки магазин…

Четиринаесеттото издание на ОДДА магазинот на тема “Queen Be” го краси токму госпоѓата Вест! Неодоливо потсетувајќи на Ријана, лепотицата носеше модни парчиња и позираше во нив во најопуштени пози.


Очила за сонце Прада, потпетици Александар Ванг… што и да облече, таа знае како да го носи, па затоа и целиот акцент е ставен на стилот.


Фотографиите се направени од страна на ѕвездата во спотот на Ријана “Bitch Better Have My Money”, диџеј и моделот Сита Абелан.

„Сакав да ја прикажам како јака жена, модерна и тоа го направив. Не сакав ништо секси, само да пука од самодоверба и да буди сила“, изјавила таа.


Ким Кардашиан со ова секако го обезбеди своето место меѓу модните икони во светот.

Прегледи:
617
Објавено на:
02.04.2018