Категории

Нов отворен натпревар за студенти – помогнете и на локална компанија да се пробие на светскиот пазар

Како би можеле да ја понудиме, развиеме и прошириме услугата на Солвео на нови пазари?

Со 3 успешни натпревари, 60+ задоволни учесници и 15 покани за работа/пракса, СОЛВЕО ни го најавува својот 4ти отворен натпревар за студенти. Солвео е иновативна компанија која ги поврзува студентите со компаниите за работа на реален проект.

Со потврдување на својот концепт локално во Македонија (proof-of- concept) Солвео подготвува стратегија за проширување на својот бизнис на нови пазари.

Предизвикот за овој натпревар е да се пронајдат, тестираат и развијат можни начини за проширување на Солвео на регионално и глобално ниво. За време на овој проект ќе добиете можност да и помогнете на локална компанија да се пробие во странство.

Преку детално запознавање со моменталните практики и клучни вредности на Солвео, ќе треба да предложите стратегија и план за имплементација за креирање на скалабилен модел кој ќе му помогне на бизнисот да расте глобално.

За кого е наменет повикот?

Повикот е отворен за сите студенти – ентузијасти кои сакаат предизвици, сакаат да работат на реален проблем, и сите оние кои сакаат да научат нешто ново. Проектот е од времетраење од неполни 3 недели во 8 креативни работилници.

Награда: 30.000ден (за победничкиот тим)

Отворени места: до 20

Насоки на интерес: Е-бизнис, Маркетинг, Финансии, Менаџмент, Дизајн, Информатички технологии, Психологија…

Краен рок за пријавување: 19.02

ЗОШТО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

• Искуство при работа на реален проект

• Можност да работите со млада компанија

• Можност да добиете парична награда и сертификат

• Вмрежете се со професионалци, компании и студенти

• Истакнете се пред потенцијални работодавачи

http://www.solveo.co/natprevarisolveo/

Прегледи:
375
Објавено на:
13.02.2017