Категории

Нов рекорд: Дедо Мраз и помошниците во германското село Свети Никола примиле 30.711 писма

Поштенското одделение на Дедо Мраз поставило нов рекорд – 44 волонтери одговориле на рекорден број детски писма со новогодишни желби, чиј број изнесувал повеќе од 30.000.

Поштенското одделени во германското село Свети Никола, во кое децата од сите делови на светот повеќе од 50 години му испраќаат писма на Дедо Мраз, примило 30.711 писма, што е најмногу досега. На писмата одговарале 44 волонтери, а ги испраќале деца од 43 држави.

Прегледи:
350
Објавено на:
29.12.2021