Категории

Нов тип на машко-женски односи го освои светот – Врските повеќе не се како што беа порано

Во последниве години, начините за пронаоѓање партнер значително се променија, за што придонесоа социјалните мрежи и специјализираните страници за средби, како и разните апликации за запознавање.

Минатата година ни донесе сосема нов начин на живот, пандемијата што нè заклучи во нашите домови го пренесе животот на Интернет. Многу трендови се променија, па се појави нов модел во светот на машко-женските односи. Станува збор за “hardballing”, тактика која луѓето сè повеќе ја користат при избор на партнери, а експертите велат дека тоа е позитивен тренд што ја мотивира индивидуата да има подобри филтри при избор на партнер.

Времето што го поминувавме дома, понекогаш осамено, ги наведуваше луѓето да размислат, и да разберат што сакаат од себе, од потенцијалниот партнер и врската со него. Па сега оние кои бараат врска, точно знаат што сакаат и што бараат, нема повеќе излишни игри, тактики, така да немате толку промашувања и грешки како порано. Луѓето се насочени кон потенцијални партнери со кои имаат шанса за добра иднина, со кои делат слични верувања и интереси, без компромиси.

Овој нов позитивен тренд наречен „тврда топка“ значи дека оваа година шутирањата се јасни, реални цели и ветувачки приказни и  без влегување во драматични љубовни приказни исполнети со проблеми, помирување со работи што не ви се допаѓаат и присилување да го прифатите она кое не го сакате, само за да бидете во врска со некого.

Значи, врската само поради тоа да се биде во врска е целосно застарен концепт.

Прегледи:
622
Објавено на:
29.01.2021