Категории

Нов тренд: Паровите кои го пробале ова во креветот се воодушевени, оргазмот е многу поинтензивен

Кога сте во долга врска, сексот станува рутина и го извршувате набрзина и така заборавате како изгледа сексот кој вклучува нежност и емоции. Доколку се вклучите и се предадете, емоциите ќе го направат своето и сексот ќе биде многу подобар.

Научниците неодамна го истражувале поимот „slow sex“ односно спор секс, заклучувајќи дека е идеален за брачните партнери.

За него е потребно да се издвои доста време, а ултимативната цел е да се постигне оргазам. Станува збор за многу возбуда и длабоки емоции кон партнерот.

ПРВА ФАЗА

Како што самиот назив говори, овој тип на секс е базиран на спорите движења. Секој пат откривајте го телото на партнерот од почеток, избегнувајте веќе употребени техники и потези со рацете.

Започнете со нежни бакнежи, бидејќи суштината на овој секс е предиграта. Мазете ги сите негови делови на телото, не се фокусирајте само на половиот орган. Разговорот исто така е добредојден, само без замарање и тензии. Траењето на сексот зависи од вас, може да биде и 2 и 12 минути.

ВТОРА ФАЗА

Полека доаѓа до зголемување на возбудата. Дозволено е сѐ што на партнерите им дава добро чувство. Забрането е во оваа фаза да дојде до пенетрација. Кај мажите во оваа фаза најчесто доаѓа до проблем доколку не се сконцентрирани и може да достигнат оргазам. Важно е да знаете да го одложувате оргазмот.

Во оваа фаза истражувајте ги ерогените зони и препуштете се на допирите. Не заборавајте, сѐ уште не е време за пенетрација.

ТРЕТА ФАЗА

Дури кога желбата е доволно долго на врвот, може да се пристапи кон пенетрација. Во оваа фаза сопрете го секој момент, чувствувајте го другото тело покрај вас, секое движење, секој допир, уживајте во сензациите, кои се многу поинтензивни кога сме свесни, а на крај и оргазмот…

Прегледи:
1396
Објавено на:
06.10.2021