Категории

НОВА АПЛИКАЦИЈА НА „FACEBOOK“ КОЈА ЈА ЗАГРОЗУВА ПРИВАТНОСТА?

Колку пати сте виделе некого во град и сте посакале да го/ја додадете за пријател на социјалната мрежа „Facebook“?
Наскоро и тоа ќе биде можно преку новата апликација „Facezam“, која служи за препознавање на лица и би требало да биде достапна до крајот на овој месец. Британскиот претприемач Џек Кењон тврди дека корисниците со помош на апликацијата ќе можат за десеттина секунди да идентификуваат странец, доколку претходно го фотографираат.Тој исто така, истакнал дека со ова приватноста веќе нема да постои, па ваквиот новитет може да значи и крај на анонимните друштва и групи.

Кењон тврди дека не постои начин за корисниците да се заштитат од оваа апликација и наведува дека можеби ова ќе помогне во намалувањето на стапката на криминал.

Од „Facebook“ потврдиле дека апликацијата ја крши нивната политика за приватноста и дека можеби е доведено во прашање нејзиното објавување.

извор:факултети
Прегледи:
248
Објавено на:
20.03.2017