Категории

Нова атракција во Лондон: Ресторан во хеликоптер 300 метри над градот!

Во Лондон се отвора првиот ресторан во хеликоптер. Ова е посебен проект кој го започнала европска фирма која сака да привлече богати клиенти. 

Хеликоптерот ќе лета 300 метри над земја, а во него ќе може да патуваат максимум пет личности. Во текот на возењето ќе ги обиколат најпознатите градби на Лондон.

Овој проект освен единственото доживување на посетителите им нуди и посебен поглед на Лондон. Патувањето ќе започне од хелиодромот Батерси, а во својата рута ќе има неколку станици. Патниците ќе мораат внимателно да ги слушаат упатствата во хеликоптерот, а доколку атракцијата стане популарна слични активности ќе се изведуваат и во другите популарни градови како Сиднеј, Хонг Конг и Единбург.