Категории

Нова љубов во Холивуд: Бред Пит во врска со оваа славна актерка?

Бред Пит наводно е во врска со Шарлиз Терон откако ги запознал нејзиниот поранешен вереник, Шон Пен. Новопечениот пар наводно не ги тргале рацете еден од друг на еден настан изминатата недела. Нивната врска, за која се претпоставува дека започнала околу Божиќ, е првата сериозна романса на Бред Пит по разводот со Анџелина Џоли во 2016. година.

Оскаровката Терон, која ја раскина веридбата со Шон Пен во 2015. година наводно го посетила неговиот дом во Лос Анџелес, но сѐ уште не ги запознала неговите деца од бракот со Џоли.

„Неформално се гледаат веќе еден месец. Иронично е тоа што се запознаа преку Шон, а работите потоа се развија“, вели изворот.

Претставниците за медиуми на Бред Пит одбиле да ја коментираат нивната романса. Шарлиз, која има две посвоени деца, претходно ја поврзуваа со Кијану Ривс и Рајан Рејнолдс.

Прегледи:
478
Објавено на:
20.01.2019