Заха Хадид одлучи да ни го претстави новото архитектонско чудо кое ќе ќе се вика One Thousand Museum.
Оваа архитектонска градба ќе има 62 ката во кој ќе бидат лоцирани станбени простори, дуплекс апартмани како и деловни простории. Ова ќе биде првиот објект со егзоскелет кој ќе му даде сила, но, исто така и една нова димензија на оваа прекрасна зграда.
Жителите на зградата на располагање ќе имаат прекрасен панорамски поглед на заливот на Мајами, пристап до аеродром за хеликоптери, како и аква центар, кој нуди голем број на базени и незаборавна забава.
Изградбата на One Thousand Museum, која е биде завршена во 2017 година,дефинитивно ќе го разубави магичниот Мајами, а до тогаш уживајте во овие фотографии.