Категории

Новак Ѓоковиќ го надмина Надал по бројот на освоени Мастерси и Федерер по заработка (Видео)

Новак Ѓоковиќ го надмина Надал по бројот на освоени Мастерси и Федерер по заработка

Новак Ѓоковиќ го совлада Кеи Нишикори со 6:3, 6:3 во финалето на АТП Мастерсот во Мајами со што успеа да надмине рекорди на двајцата најголеми ривали.

Со победата во Мајами, Србинот стана првиот тенисер со 28 Мастерс титули, надминувајќи го Рафаел Надал, кој има 27. Истовремено, светскиот рекет број еден го надмина Роџер Федерер како тенисер со најголема заработка од турнирите. Вклучувајќи ја наградата од Мајами, Ѓоковиќ сега има 98.199.146 долари, додека Федерер има 97.855.881 долари.

Ова беше четврта во низа титула за Ѓоковиќ во Мајами, а вкупно шеста.

https://www.youtube.com/watch?v=0_wHKpQlImw

Прегледи:
606
Категории:
Спорт · Тенис
Објавено на:
03.04.2016