Категории

Новата трудница која го запали интернетот!

Хана Полајтес од Австралија е новата трудница која ги запали социјалните мрежи.

Таа не престанала да се занимава со фитнес за време на бременоста, а вели дека и понатаму се храни исто како пред да забремени.

Нејзиното витко тело и малечкиот стомак ги вознемирија нејзините следбеници на Инстаграм, кои веднаш беа подготвени да и дадат совети, па дури и навредливи коментари.

“Шокирана сум од коментарите во врска со моето и здравјето на моето неродено бебе. Особено бидејќи девојките во бременоста се почувствителни и поранливи. Овие негативни коментари не ги сфаќам лично, особено поради тоа што не доаѓаат од луѓе кои се едуцирани за нутриционизам и вежбање за време на бременоста. Сите женски тела треба да се слават, а јас ќе продолжам да објавувам фотографии, бидејќи сметам дека сум позитивен пример за другите трудници”, напиша Хана.

2

Инаку, докторите тврдат дека трудниците треба да вежбаат, но да практикуваат вежби кои се наменети за нив и секако пред тоа да се консултираат со својот гинеколог. 3

4

5

6

7

Прегледи:
379
Објавено на:
04.07.2016