Се наоѓа во Москва и е обвиена под велот на мистеријата.
Досега рускиот претседател Владимир Путин често им дозволувал на медиумите да го видат во најразлични изданија, како лови, рибари, плива, скија или тренира боречки вештини. Меѓутоа неговиот дом досега никогаш не бил претставен на јавноста.
Овие денови руските медиуми објавуваат дека тој има нов дом. Наводно, неверојатната нова палата е вредна 225 милиони евра.
Таа е огромна и е штотуку завршена но е заградена со висока ограда а се наоѓа во елитното село Гринфилд во Москва. Импозантното здание неодамна беше подигнато во делот каде што живеат милијардери и се околу градбата се чува во голема тајност.
Новата резиденција на претседателот завзема речиси 124,000 квадратни метри со 21,528 квадратни медри помошни простории. Цела населба изгледа неверојатно, а со оглед на позицијата, новиот дом на Путин има најголема приватност.