Категории

НОВИ ДРЕСОВИ ЗА НОВИ ШАМПИОНИ – ЖЕНСКИТЕ КЛУБОВИ ДОБИВААТ ОПРЕМА ОД MOZZART

Mozzart ја продолжи големата акција со донација за ЖФК Скопје, екипа која успешно се натпреварува во Првата женска фудбалска лига

И девојките сонуваат еден ден да заиграат на најголемите фудбалски стадиони. И тие многу добро знаат да дриблаат, да изведуваат слободни удари, да постигнуваат голови. Многу дами ширум земјата секојдневно вредно тренираат фудбал, а компанијата Mozzart секогаш се обидува да ги поттикне припадничките на поубавиот пол да се занимаваат со спорт. Дури и со оној означен како „машки“.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа ја продолжи одличната акција „Нови дресови за нови шампиони“, со донирање опрема на Женскиот фудбалски клуб Скопје! Досега речиси 90 клубови ширум земјава добија вредни комплети дресови, а на листата се најдоа и многу женски колективи.

„Донирањето на опрема многу им значи на нашите девојки, ова им е дополнителен ветер во грб пред продолжението на борбата во Првата лига. Драго ни е што Mozzart ја препозна добрата работа во нашиот клуб и одлучи да не поддржи, ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати во вториот дел од шампионатот“, изјави Илија Мандаров, Шеф на стручниот штаб на ЖФК Скопје.

Преку оваа иницијатива Mozzart се труди да им даде поддршка не само на клубовите од најсилниот ранг, туку и на пониските лиги, односно неафирмираните спортисти. Од 2019 година редовно донираат опрема, па наскоро повеќе од 100 клубови ширум земјава, од различни спортови, ќе имаат ознака „М“ на дресовите.

Оваа акција одамна е позната во регионот, каде повеќе од 6.000 спортисти добија нови дресови и го почуствуваа тоа шампионско чувство.

Прегледи:
652
Објавено на:
02.02.2022