Мурад и Наталија Осман продолжуваат преку своите фотографии да ја покажуваат убавината и уникатноста на различни локации од светот. Парот, кој го создаде проектот „Follow Me To“, ја продолжи својата авантура и не заборави да направи нови магични фотографии кои ги сподели со своите обожаватели на Instagram.
Откако го започнаа проектот во 2011 година, талентираниот фотограф и неговата избраничка имаат инспирирано илјадници вљубени парови во своите фотографии да ја вметнат препознатливата поза – девојката го води својот сакан низ светот.