Категории

Нови случаи на коронавирус: 4 лица од Дебар и една жена вратена од Холандија, а се затвораат граничните премини и аеродромот

Вкупниот број на регистирани заразени лица со коронавирус се искачи на 23. Четири лица од Дебар и педесет и четиригодишна жена која се вратила од Холандија преку Виена се нови пациенти позитивни на коронавирус, а воедно се затвораат граничните премини и аеродромот во Скопје, објави министерот за здравство Венко Филипче. 

Во приватната болница „Жан Митрев“ се јавиле две лица со симптоми на грип, и тестовите таму се позитивни, но, рече Филипче, заради усогласување со Инфективната клиника, резултатите ќе бидат повторени во нивната лабораторија.