Сите зборуваат за него..
Леонардо ДиКаприо и Бред Пит веќе се „пензионираа“ од титулата на холивудски заводници, сцената им ја препуштија на младите а овој актер веќе жари и пали во Холивуд..
Тимоти Шаламеј е новата холивудска ѕвезда која блесна во Холивуд. За краток период тој нанижи неколку исклучително успешни улоги и се здоби со милиони обожаватели. Има само 23 години а веќе е идниот потенцијален оскаровец за својот најнов филм
„The King“ кој го промовира деновиве а е напишан според делото на Шекпир за кралот Хенри V во кој Тимоти ја има главната улога.
Актерот веќе ја доби титулата новиот холивудски заводник а за тоа сведочии неговиот истенчен моден вкус со кој секогаш воодушевува на црвениот тепих..