Почетокот на новата година не е само нов датум кој го запишуваме. Тоа може да звучи клише, но сите сме чувствителни кога е во прашање новиот почеток. Тоа треба да се искористи!
Почетокот на новата година е навистина одлично време да се донесат нови одлуки и да се направат промени кои ќе донесат подобри прилики во нашиот живот. Тоа може да важи за сите полиња на животот, диети, здрава исхрана, вежбање, помалку алкохол, откажување од цигарите и др. За оние девојки кои се наоѓаат во ситуација во која мораат постојано да си повторуваат на себеси дека треба да стават крај на бескрајните прашања кога ќе се појави вистинскиот, требаат да се насочат себеси кон многу поважни цели и конкретни визии. Еве кои промени треба да ги воведат сите сингл девојки:
1.Престанете да барате на секое место каде што ќе отидете
Ако секој пат кога ќе излезете во некој бар, клуб, кафич, кино, разгледувате наоколу со надеждека ќе најдете кандидат за дејт, нема да си поминете многу забавно, ќе изгледате незадоволно и очајно. Ако ништо друго, во 2020 е ред да престаните опсесивно да се прашувате каде е тој кој го очекувате. Не трошете ја целата енергија во потрага по вистинскиот, насочете ја на многу покорисни нешта. Фокусирајте се на себеси.
2.Кажувајте „Да“ почесто
Не ве советуваме да ги спуштите вашите стандарди и да ја прифатите буквално секоја шанса со секој тип со кого ви се укажала прилика. Но тоа не значи дека не треба да бидете малку по отворени. немојте да излегувате со мажи кои се често слични на оние со кои сте биле во врска во минатото. Ако запознаете некој кој ги задоволува вашите основни критериуми, но не баш сите, сепак дајте му шанса, не знаете што може да се случи.
3.Ослободете се еднаш засекогаш од минатото
Ако во мислите постојано се навраќате на раскинувањата кои биле премногу болни и мажите кои ве повредиле, секога е дефинитивно време да им кажете збогум на спомените засекогаш. Тие се веќе далеку во минатото и нема потреба да ги оживувате во сегашноста, само можат да ви ја уништат. Свртете нов лист.
4.Стекнете нови пријатели
АКо сте сами, имате еден голем луксуз: слобода во вашето слободно време да правите што сакатеи никој да не ве спречува. Искористете го тоа да ги проширите вашите кругови. Новите пријатели ќе ве запознаат со некои други нови пријатели и така вашиот круг ќе се прошири. Тоа ќе создаде нови искуства и нови доживувања. А тоа е повеќе од возбудливо.
5.Фокусирајте се да се поправите себеси, а не некој друг
Ако сакате да ослабите, направете го тоа поради себеси, а не затоа што мислите дека така повеќе ќе им се допаднете на мажите. Ако сакате да научите нешто ново или да започнете некое ново хоби, тоа нека биде нешто што ве привлекува и исполнува, а не сретство со кое ќе фаќате машки.
6.Пробувајте нешто ново што почесто
Сите растеме преку новите искуства. Веќе ви објаснавме зошто треба почесто да велите „Да“.
Во 2020 година, обидете се да пробате нешто што не сте го пробале никогаш порано. Отпатувајте каде што никогаш не сте биле, можеби ќе се изненадите.