Категории

Новото „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ со фокус на здравство какво што ни треба

Oдржливо здравство е императив за задоволни граѓани и подобро општество. Позитивната листа на лекови не е од корист само за пациентите туку и за целиот здравствен систем. Со ставање нови лекови на позитивната листа здравствените власти имаат поголема контрола над буџетот и можат да избегнат негово оптоварување.

Приватното плаќање за лекови е убедливо најголемиот извор на финансиски тешкотии, забележува Светската здравствена организација (СЗО). Причина – ограничената позитивна листа на лекови и тоа што сиромашните и хронично болните не се ослободени од  партиципација. Граѓаните даваат пари од свој џеб и покрај тоа што секој месец од платата им се издвојуваат придонеси за здравствено.

Сите овие предизвици, но, и можни решенија за создавање „Здравство на здрав пат“, се дел од новото, 51. издание на „Лице в лице“, кое се фокусира на пристапот до лекови и  потребата од почесто ажурирање на позитивната листа.
Од Платформата за одржлив развој, која годинава одбележува 10 години постоење, велат дека овој број на „Лице в лице“ носи идеи, практики и препораки кои веќе нашироко се применуваат на глобално ниво.

Дознајте повеќе во новото издание на „Лице в Лице“ и бидете општествено одговорни.

 

Прегледи:
325
Категории:
Занимливости
Објавено на:
27.10.2022