Категории

Нутела – ладно кафе

Ви го препорачуваме овој едноставен рецепт кој што можете брзо и едноставно да го подготвите дома. Зошто да не се одлучите овој пат да пробате нешто ново – ладно кафе со Нутела кое ќе го замени секој десерт и воедно и ќе ве расони.

Рецептот за ладно кафе со Нутела е следниот:

 

Состојки:

  • 1 чаша ладно млеко
  • 2 лажици крем Нутела
  • 1 лажица инстант кафе
  • ¼ лажица шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 топчиња сладолед од ванила
  • слатка павлака

 

Подготовка:

Во блендер измешајте го млекото, Нутелата, инстант кафето, шеќерот и 1 лажичка екстракт од ванила. Истурете ја смесата во висока чаша и сервирајте. Можете да додадете сладолед од ванила на врвот или шлаг од ванила по ваш избор.

Уживајте во овој вкусен и освежителен пијалок со Нутела! Добро утро и убав ден!☕❤