Категории

Обична изгореница или алергија? Лесно откријте дали сте алергични на сонце?

Го поминавте цел ден на сонце и сега вашата кожа е црвена и чувствувате непријатна болка? Дали станува збор за обични изгореници или можеби алергиска реакција? Алергиската реакција е физичка реакција на кожата која најчесто не е опасна, но може да предизвика болка и иритација.

Алергијата на сонце најчесто ја добиваат младите жени со бел тен. Обично се јавува на пролет, кога деловите на телото кои зимно време се покриени одеднаш го чувствуваат сончевиот зрак. Најкритични се вратот и рацете. Раните симптоми вклучуваат чешање, црвенило, воспаление и осип, кој може да изгледа како црвени точки или уште полошо, пликови.

Едноставен тест

Алергијата на сонце понекогаш е тешко да се дијагностицира, со обзир на тоа дека симптомите варираат од личност до личност. Некој може да искуси неподносливо чешање, додека кај други кожата е воспалена и покрај факторот со висока заштита.

Клучот во препознавањето на алергијата подразбира пратење на симптомите кои се јавуваат со изложување на сончевата светлина. За да се тестирате, едноставно покријте еден дел од кожата и пратете ја реакцијата на сонце.

Превентивни мерки

Освен боја и иритација, алергијата на сонце може да го наруши здравјето и на други начини. Непријатните реакции на сонце ги присилуваат луѓето да не излегуваат надвор освен ако е облачно, што може да резултира со намалено количество на потребниот витамин Д. Затоа, луѓето алергични на сонце треба да внесуваат витамин Д во облик на пилули.

За да ја спречите појавата на алергиска реакција на сонце, најважно е да не излегувате надвор кога сонцето е најсилно. Носете тенка памучна облека, разладувајте се и задолжително туширајте се секој ден со топла вода.