Категории

Обична врата претворена во детална средовековна мапа – уметност без граници

Ова уметничко дело можеби има рамка, но нема граница!

Mario Yair се опишува себеси како фанатик по историја, уметност и надреални работи. Откако бил затворен дома со месеци, поради пандемијата, одлучил да ја декорира вратата од својата соба со минијатурни чудовишта од средновековни времиња. Успат, вратата станала средовековна мапа, полна симболика, внимателно испланирани референци, и целовкупно „платно“ со многу содржина, кое ја буди љубопитноста кај секого.

Чудовиштата на мапата не се само од Европа, туку и од други места во светот. Затоа му требале околу 3 месеци да ја доврши – тој во меѓувреме учел за нови чудовишта од насекаде низ светот.

Вкупно, имало 13 кралства, кои ги претставуваат различните делови од светот. Секој од нив си имал долини, шуми, градови. Имињата доаѓаат од вистински митови. Всушност, и местата и чудовиштата се места и чудовишта за кои луѓето, во некоја точка од историјата, верувале дека постојат. На средина се наоѓа Axis Mundi, кој се сметал дека е центарот на Земјата и земниот рај.

Погледнете го целиот процес на креирањето на оваа чудесна врата:

Скицата:

Рамката:

Темата:

Целосната мапа:

Тринаесетте кралства:

Морето:

Шумите:

Други детали:

Целосната врата: