Реал Мадрид и четврта година по ред е најскапиот фудбалски клуб во светот. Ова го покажува последното истражување на “Форбс”. “Кралевите” се проценети на 3,65 милијарди долари.
Веднаш по Реал во рангирањето е вечниот ривал Барселона. “Каталонците” се проценети на 3,55 милијарди долари. На третата позиција е Манчестер Јунајтед со 3,32 милијарди долари.
Најскапите тимови во светот:
1 Реал Мадрид: $ 3.645 милијарди
2 Барселона: $ 3.549 милијарди
3 Манчестер Јунајтед: $ 3.317 милијарди
4 Баерн Минхен: $ 2.678 милијарди
5 Арсенал: $ 2.017 милијарди
6 Манчестер Сити: $ 1.921 милијарди
7 Челзи: $ 1.661 милијарди
8 Ливерпул: $ 1.548 милијарди
9 Јувентус: $ 1.299 милијарди
10 Тотенхем: $ 1.017 милијарди