Како и што обично се случува со оставнината на познатите и славните, така на ред стигнаа и личните работи и облеката на американската филмска икона на стилот Одри Хепберн. На среќа на безброј обожаватели после 24 години од смртта, на аукцијата на познатата куќа Christie’s во Лондон, на крајот на годината ќе се најде облеката која Одри ја носела во текот на целиот живот.
Парчињата кои после смртта на актерката останале во сопственост на семејството, се проценети со почетна цена од 100 до 80,000 фунти. Меѓу клучните парчиња се најдоа капутот со потписот на Burberry по цена од 6,000 до 8,000 фунти, како и сина сатенска тоалета со потписот на омилениот дизајнер на актерката Hubert de Givenchy.
Во декември 2006 година беше продадена црната вечерна сатенска тоалета со потписот на истиот дизајнер кој ја креира за ликот на ‘Холи Голајтли’ во култниот филм “Breakfast at Tiffany’s”.
На продажба ќе се најдат и други лични работи освен облека како белешки кои Одри ги водела за своите ликови кои таа ги запишувала во познатиот тиркизен бележник. Белешките за нејзиниот најпопуларен филм “Breakfast at Tiffany’s” се проценува дека ќе достигнат вредност од 60,000 до 80,000 фунти.