Постојат безброј облици и форми на носеви но, ова се најчестите од нив:
1. Нубиски нос
Луѓето кои имаат ваков облик на нос наводно се многу љубопитни и многу симпатични. Полни се со оптимизам и секогаш бараат решение за проблемите во кои се наоѓаат.
2. Грчки нос
Луѓето чие лице го краси ваков облик на нос, по природа се многу резервирани – не сакаат да бидат во центарот на внимание. Тешко се отвораат и имаат проблем да збруваат за своите емоции искрено, особено со луѓето што не им се блиски. Многу се практични и исклучително посветени.
3. Кукаст нос
Овој тип на нос делува како клун на птица. Луѓето кои имаат ваков облик на нос се склони жестоко да ги бранат своите уверувања. Кога ќе тргнат кон целта, не се плашат да ризикуваат.
4. Нос со агли
Сопствениците на ваков нос се организирани, амбициозни и посветени на работата. Имаат одлични организаторски способности.
5. Нос како копче
Овој тип на нос е најпосакуван, а луѓето кои го имаат мног често се спонтани во своите одлуки, а тоа знае да биде проблем за другите. Внимателни се, сакаат да работат и имаат јака волја.
6. Рамен нос
Овој облик е најчест во Азија – многу е рамен, а ноздрвите се широки. Луѓето со рамен нос ги краси јак карактер, многу се темпераментни и страствени. Понекогаш знаат да го изгубат трпението ако помислат дека некој си игра со нив.
7. Конкавен нос
Овде станува збор да дарежливи типови луе кои се секогаш спомни да помогнат. Колку и да е тоа позитивна страна на нивниот карактер, толку тоа ги прави и ранливи – лесно можете да ги повредите.
8. Крив нос
Луѓето кои имаат ваков облик на нос се сметаат за одлични љубовници и партнери. Знаат искрено и внимателно да ги сослушаат другите, исто така се одлични љубовни партнери и пријатели.