Категории

„Образование надвор од мрежата“ – краток документарец за пристапот до образование во време на пандемија

Краткиот документарен филм „Образование надвор од мрежата“ во продукција на Види Вака е четвртиот од серијата од шест мултимедијални приказни за граѓани кои се соочуваат со некакви предизвици во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

Мите и Катерина Драгишевски се ученици кои живеат во кумановското село Стрновац. Тие секојдневно се соочуваат со потешкотии со учењето, поради лошата Интернет конекција и немањето сопствен компјутер. Според податоците на Министерството за образование од почетокот на учебната година, 20% од учениците во средните и основните училишта не се приклучија кон

 онлајн наставата.

Главниот протагонист во приказната, го истакнува своето гледиште околу далечинското образование.
„Јас мислам дека нема да биде ова квалитетно за мене, бидејќи потешко ми оди вака онлајн, а полесно би ми одело со физичко присуство“, посочува Мите Драгишевски.


Краткиот документарен филм започнува со желбата на Мите, кој посакува некој да му даде лаптоп за да ја следи наставата, а штом заврши пандемијата, веднаш ќе му го врати компјутерот.

По објавата на документарецот „Образование надвор од мрежата“, редакцијата на Види Вака доби стотици пораки со желби за донирање компјутер, парична и друг вид помош. Во согласност со семејството, ја споделуваме со вас трансакциската сметка за
донирање на таткото Стоје Лазаревски.

Цел на дознака: Донација
Име на Банката: ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
 Носител на сметката: Стоје Лазаревски
 Адреса на корисникот: СТРНОВАЦ,/УЛ./БР./ КУМАНОВО
 Денарска сметка: 270-7000635491.11
 Девизна сметка:
 ИБАН: MK07270700063549402
 СВИФТ: EXPCMK22