Категории

Од денес почнува продажбата на билети за СЕХА Ф4 турнирот

Од денеска, 22-ри март почнува продажбата на блок билети за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ од 13-ти до 15-ти април. Во пeриодот од 22-ри март до 1-ви април 2018 година ќе се продаваат БЛОК билети за двата натпреварувачки денови по цена од 300 денари.

Од 2 април ќе почне продажбата на поединечни билети и тоа по цена од 200 денари за еден натпреварувачки ден. Повеќе информации може да се добијат на следниот емаил: [email protected] и на телефонскиот број +389 2 2401 980.

Сезонските билети издадени од клубот пред почетокот на сезоната не важат за овој Ф4, бидејќи Вардар е само технички соорганизатор на настанот

Цени на блок билети за 13.04 – 15.04:

Блок – 13, 14 – 300 денари,
Блок – А5, А6 – 300 денари,
Блок – А1, А4 – 200 денари.

Во полуфиналето ќе играат: 

петок, 13 април

Вардар – Мешков во 17,45 часот,

ППД Загреб – Целје во 20,15 часот.

недела, 15 април

Меч за 3-то место – 17,45 часот,
Финале – 20.15 часот.

Прегледи:
342
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
22.03.2018