Категории

Од денес започнува нова ера – Историски момент на спојување на двете најголеми планети

Вечерва доаѓа до конјукција на гигантите Јупитер и Сатурн. Ѕвездите порачуваат дека времето во кое се наоѓаме е исклучително значајно затоа што се раѓа нов свет.

После долга пауза, Јупитер и Сатурн почнуваат циклус во воздушниот елемент во знакот на Водолија. Ќе биде нагласен бунтот и потребата да се спротивстават на репресијата, да се освои правдата, еднаквоста и рамноправноста.

Пред 800 години е објавена повелбата на слободата наречена Магна Карта која владетелите ја ставиле под владеењето на законот и претставува симбол на слободата од угнетување – дели дојде време оваа генерација да ја напише својата повелба?

Во евангелието според Матеј стои дека раѓањето на Исус Христос, спасителот, го најавила сјајна ѕвезда на исток, над Витлеем. Три мудреци ја забележале и тргнале по неа и стигнале до местото на раѓањето.

Се претпоставува дека Витлеемската ѕвезда всушност била конјукција на Јупитер и Сатурн во знакот на Риби (христијанство) седмата година пред новата ера, кога овие две планети го започнаа последниот циклус во водениот елемент (спиритуалност, духовност) со три точни конјукции (29 мај, 1 октомври и 5 декември).

Јупитер и Сатурн кружат околу Сонцето отприлика секои 20 години образувајќи конјукција и започнуваат нов синодички циклус. Некогаш тоа бил најдолгиот познат циклус меѓу овие две планети и му придавал големо значење.
21 декември е ден кога Сонцето влегува во знакот на Јарец, најтемниот и најкраткиот ден во годината и овој пат со себе носи и зголемена енергија и симболика. Деновите стануваат се подолги, темнината му го отстапува своето место на светлината. Тоа е точка на која се допираат крајот и новиот почеток, према кој се движевме цела 2020 година.

Не е случајно после се што поминавме Сатурн и Јупитер да започнат дваесетгодишен циклус затоа што нивниот спој донесува нов поредок на нештата, а тоа ни е потребно. Космосот и овој пат бил великодушен и ни сервираше две важни циклични пресвртници во ист ден.

Меѓутоа ова е само почеток. Циклусите образуваат серии кои се одвиваат со математичка прецизност.
После 200 години се случува промена на елементите. Ваздухот ќе ја замени земјата. Таа промена се нарекува голема мутација. Значи во нашиот случај не смао што се менува образецот туку после полни 800 години повторно на ред доаѓа воздушен елемент.

Астрологијата се бави со проучување на циклусот. Ова е одлична прилика да воочиме кои биле важни случувања во минатото и обележале некој циклус и како да го искористиме тоа за разбирање на времето во кое се наоѓаме.

Без оглед на тоа колку страв има насекаде околу нас, сето тоа треба да изгори. Стравот ја одзема леснотијата, ја прикрива земјата и ги спушта вибрациите. Ако го прифатиме тоа, нема да можеме да ги искористиме бенефитите кои воздушниот елемент ги донесува.