Категории

„Од длабочините на морето“ прва книга на македонски од македонски професионален готвач за Медитеранската кујна

„Од длабочините на морето“ монографија во која подетално и сликовито е претставен дел од морскиот свет на Јадранот кој е карактеристичен за Медитеранската кујна, во издание на ИП Култура, својата промоција ќе ја има денес, на 18-ти април. 

Ова е прва книга напишана на македонски јазик од страна на македонски професионален готвач и неговиот обид да го пренесе автентичниот мирис на далматинската кујна на овие простори. Авторот шеф Дејан Карапеев, професионален готвач и добитник на голем број меѓународни награди на свој начин ги опишува карактеристиките на некои од рибите и морските плодови од Јадранот и ги објаснува методите за нивно приготвување.

„Пловејќи по „големите води“, дружејќи се со воденото царство, решив и професионално да се позанимавам со тој чудесен свет. Благодарение на природата, водените nространства ни нудат чуда кои сакав, барем донекаде, да ги пренесам во оваа книга. Се обидов со голема љубов и задоволство, nоединечно и со должно внимание, да го претставам богатиот и разновиден морски свет, а со тоа да ја збогатам и нашата традиционална кујна.“ вели авторот, Дејан Карапеев.

Издавачот ИП Култура, со своите читатели сподели еден рецепт од книгата на авторот, која вреди да биде дел од колекцијата на секој љубител на добрата храна.

„Се надевам дека со љубов и страст ќе нурнете меѓу страниците на оваа книга и ќе уживате приготвувајќи ги благодетите на морето. Ве поканувам да станете мои верни читатели и да ми бидете поттик и предизвик да продолжам да пишувам за нови крстарења низ медитеранските трпези. Ги очекувам вашите реакции, а верувам дека и во иднина ќе имам можност за средби и дружби со сите Вас, заинтересирани и амбициозни готвачи.“ вели авторот.

Од далбочините на морето #ВоСветотНаКнигите од 18-ти април во продажба, a книгата ќе може да се купи по намалена цена само на денот на промоцијата!