Категории

Од идната недела масло од канабис може да се купи во македонските аптеки

Масло од канабис со низок процент на психотропна супстанца од следната недела ќе се најде во слободна продажба во аптеките. Може да го купи секој без лекарски рецепт.

Останиот препарат кој е со појако дејство и кој може да се добие само со пропишување од специјалист, ќе им биде достапен на пациенти со тешки заболувања по едукацијата на лекарите. Од денеска специјалисти ќе учат како да го издаваат маслото на болните и во која доза. Едукацијата ја вршат еминентни професори од Канада и Шпанија.

-Почнавме со едукација, кои се ефектите кога се пропишува, индикациони подрачја, вели м-р Марија Дарковска Серафимовска, директор на Агенција за лекови.
-Не е само да научиме механички да пишуваме рецепти, вели д-р Милан Ристовски, директор на Онкологија.

Канадскиот професор Пол Хорнби кој ги едуцира нашите лекари и важи за доајен во оваа област истражувајќи ги ефектите од канабисот во медицвински цели, и самиот употребува од маслото кое кај нас ќе биде во продажба наредната недела. Почнал да го користи по операцијата што ја имал на неговата нога.
-Имаме безбедна медицина, овој препарат нема несакани ефекти и важно е да се знае во која количина односно доза може да го користи пациентот, вели Пол Хорнби од Канада.
Маслото од канабис со висок процент на психотропна суспсатанца за почеток ќе биде достапно на малигно болни, со хив инфекција, епилепсија и мултиплекс склероза. Но според надлежните во иднина може да има и проширување на индикационото подрачје. Македонска фармацевтска компанија веќе го произведува екстрактот по добивање на лиценцата како и дозволите за увоз на суровината.

Прегледи:
528
Објавено на:
30.05.2016