Категории

Од кои мажи вашиот партнер се плаши?

И мажите имаат свои несигурности во врските

Иако за нив најчесто се вели дека се „посилен пол“, кога се во прашање врските, овој израз дефинитивно „не пие вода“.
Многу мажи имаат свои стравови кога се во прашање врските и љубовта, а највисоко на таа листа се наоѓаат останатите мажи во вашиот живот. Откријте за кои се работи и што ги прави несигурни.

Вашиот најдобар пријател
Ако вашиот најдобар пријател е маж, вашиот дечко сигурно ќе го доживува како закана. Многу мажи се сомневаат во машко-женските пријателства и мислат дека во таквиот однос секогаш едната страна сака нешто повеќе, па во таквите случаеви се склони кон љубоморни испади.

Вашиот бивши
На самото споменување на вашиот бивш партнер, на новиот или потенцијален дечко ќе му се крене косата на главата затоа што одма ќе ве замисли како некој друг ве бакнувал и допирал. И покрај тоа, тој ќе се запраша дали можеби сеуште мислите на бившиот партнер и дали посакувате да му се вратите што ќе го направи уште по несигурен. Затоа е подобро бившиот да го оставите онаму каде што му е местото, во минатото, за да не си ја упропастите иднината.

Вашиот татко
Таткото на девојката влева страв во коски кај секој маж и тука нема што многу да се помогне. Колку и вашиот татко да го претставувате како прекрасна и смирена личност, тешко дека ќе се опушти пред некој кој е свесен за тоа што тој прави со неговата ќерка. Сепак, не грижете се многу за тоа затоа што веќе во следната средба таа трема ќе му помине и вашиот татко нема да му е повеќе толку страшен.

Вашиот брат
Слично како и вашиот татко, но во овој случај постои и шанса за спротивно сценарио. Ако вашиот дечко и брат откријат дека имаат слични интереси или вашиот брат е исклучително пријателски настроен, можно е веднаш да почнат да се согласуваат. Сепак, братот е оној кој се однесува претерано заштитнички спрема својата сестра и влева страв во коските кај секое момче, без оглед на заедничките интереси.

Вашиот шеф
Поголемиот дел од мажите неможат да си помогнат себеси а да не бидат љубоморни на секој можен маж кој се „мота“ околу нивната партнерка, па дури и кога се работи за шефот. Малку од нив се смирени по тоа прашање, и најдоброто што можеме да ви го кажеме е да не го спомнувате вашиот шеф па дури ни во негативен контекст.

Прегледи:
423
Објавено на:
19.11.2019